Без струја делови од Сарај, Карпош, Шуто Оризари, Центар и од Аеродром

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општина Сарај, Карпош, Шуто Оризари, Центар и од Аеродром.

Во општина Сарај без електрична енергија ќе останат корисниците од село Долна Арнакија во период од 9:30 до 15 часот.

Во време од 9 до 15 часот корисниците од ул. „Багдатска“ бр. 36 и дел од ул. „Борка Талевски“ во општина Карпош, од 9:30 до 15 часот корисниците од улиците „Дринска“, „Виничка“, „Вашингтонска“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари, од 8:30 до 12:30 часот корисниците од ул. „Загрепска“ и реонот околу Детска болница Козле во општина Центар, од 11 до 15 часот корисниците од ул. „Урош Џудовиќ“ и ул. „Будимпештанска“ во општина Карпош и од 9 до 11 часот корисниците од ул. „Врполе“ во општина Аеродром.