четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Без струја делови од Скопје

без струја

Поврзани вести

Без електрична енергија утре од 7:30 до 17:00 часот ќе бидат корисниците од Кучевишка Бара, во општина Чучер – Сандево, како и од дел од улицата „Призренска“, во општина Бутел.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување технички зафати во електро-системот.

Поради технички зафати во електро-системот на 28.03.2016 година без електрична енергија во време од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.

Од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Козле“ од број 91 до 95 и од број 106 до 110, во општина Карпош.

Без напон во понеделник од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Дринска“, „Виничка“ и „Нов Живот“, во општина Шуто Оризари, а од 7:30 до 17:00 часот и корисниците од Кучевишка Бара, во општина Чучер – Сандево и од дел од улица „Призренска“, во општина „Бутел“.

Најчитани вести