Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека денес без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Бутел, Студеничани, Чучер Сандево и Арачиново.

Без струја од 10:00-15:30 часот ќе биде ловиштето Јасен, од 09:00-15:00 часот делови од ул.Копенхагенска, од ул.Стохолмска, од ул.Петар Драганов, од ул.Његошева, од ул.Софиска, од ул.Бриселска во општина Карпош), како и дел од село Батинци, потоа од 09:00-13:00 часот дел село Мирковци, кај полициската станица, од 08:30-15:00 часот патот за Радишани, ул.Бутелска и околните улички и од 08:00-16:0 часот дел од Арачиново кај полициската станица, дел од Арачиново областа кај долната Џамија.