Без струја населбата Кучевишка Бара во Општина Бутел

Заради технички зафати во електро-системот денеска од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Кучевишка Бара во Општина Бутел.

Информацијата за прекинот на струјата ја соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД.