Без струја неколку скопски улици и села

Без струја, утре од 10 до 12 часот, ќе остранат корисниците од реонот кај Текето на Бит пазар, како и дел од улиците Самоилова и Пластичарска.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија од 8:30 до 15 часот ќе останат дел од село Љубош (над фирмата Арда), од 10:30 до 14:30 корисниците од улиците Ѓорѓи Абаџиев и Васил Левски, од 9 до 15 часот улицата Лепенец, од 9 до 10 часот дел од улицата Костурски Херои, од 8:30 до 11:30 дел од село Љубанци и од 8:30 до 14:30 корисниците од село Грушино.