Без струја повеќе делови на Скопје

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување технички зафати во електро-мрежата.

Од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од село Соње, место викано Подбрег, во општина Сопиште.

Без електрична енергија  од 9:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од село Горна Матка, во општина Сарај, додека од 9:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај, како и корисниците од улиците „Виничка“, „Дринска“, „Вашингтонска“ и „Нов Живот“, во општина Шуто Оризари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.