Без струја повеќе скопски села

Без струја денеска во периодот од 06:00 до 07:30 часот ќе бидат корисниците од селата Сарај, Орашје, Долна и Горна Матка, Буковиќ, Грачани, Шишево, Љубин, Арнакија, Глумово, Раовиќ, Радуша, Ласкарци, Грчец, Рашче, Кондово, Семениште, Дворце, Паничари, Крушопек, Бојане, Веле Поле и  Кучково, во општините Сарај и Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре од 09:00 до 14:00 часот, исто така без струја ќе биде и објектот на општина Чучер Сандево.

Без струја од 10:00 до 12:00 часот, ќе бидат корисниците од улица „Никола Тесла“  бр.2 влез 1., а од 12:00 до 14:00 часот корисниците од улица „Стогово“ од бр.9 до бр.23, во општина Карпош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.