Без струја повеќе скопски улици и села

Без струја во моментов, односно до 12 часот ќе бидат корисниците од улиците „Карџевска“ во Драчево и „Саса“ во Пинтија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија поради закажани технички работи до 14:30 ќе бидат корисниците од село Батинци, до 14 часот село Волково, до 15 часот селата  Смесница, Страхојадица и Зелениково и до 12:30 часот улиците „Веле Марков“ и „Рафаело Батино“.

Без струја од 12 до 13:30 часот ќе бидат потрошувачите од улицата 2 во Долно Лисиче и од 11 до 12:30 дел од улиците Кичевска и „Манчу Матак“ во општина Ѓорче Петров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.