Без струја повеќе скопски улици и село Љубин

Без струја утре од 9:30 до 15 часот ќе останат корисниците од село Љубин кај џамијата.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија од 8:30 до 13 часот ќе останат корисниците од улиците „Отон Жупанчич“, „Дебарца“ и „Раде Кончар“, 9 до 15 часот корисниците од дел од Шуто Оризари, улицата „Индира Ганди“, и дел од „Метохиска“, од 8:30 до 14:30 часот корисниците од село Батинци, и дел од село Љубош и од 9 до 13 часот корисниците од село Ласкарци, улиците со броеви 1, 2, 3 и 4.