Македонија

Без струја повеќе делови од Скопје

Без струја повеќе делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека заради технички зафати во електро-системот денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во Скопје и околината.

struja

Така од 08:30 до 09:30 часот и од 15:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од с. Батинци, од 08:30 до 16:30 часот корисниците од с. Студеничани, с. Драчевица, с. Цветово, с. Палиград, с. Алдинци, с. Долно и Горно Количани и с. Црвена Вода (општина Студеничани).

Од 08.30 до 14.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Христијан Тодоровски Карпош, Ордан Чопела, Цветан Димов, ул.145 и ул.210 (Општина Чаир ), од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Френклин Рузвелт бр. 3 и бр. 5. (општина Карпош), од 10:00 до 14:30 часот корисниците од викендиците во нас. Качанички Пат. (општина Бутел) и од 13:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Хелсинки (општина Карпош).