Без струја утре дел од Карпош, Центар и Кисела Вода

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Карпош, Центар и Кисела Вода, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош, од 8:30 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани околу клиниката на МВР, дел од корисниците од ул. Ленинградска, како и корисниците од ул. Пролет во општина Центар, а во периодот од 9:00 до 13:00 часот корисниците од населба Усје во општина Кисела Вода.