вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 53

Без струја утре дел од повеќе скопски општини

Поради технички зафати во електро- мрежата утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од општините Кисела Вода, Гази Баба, Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром, како што информираа од РЦУК на Град Скопје.

струја

Поврзани вести

Од 8:30 до 11:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Лазар Димитров“, од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“, поранешна „Сава Ковачевиќ“, подулици 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода. Без струја од 8:45 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Анри Барбис“ околу Црквата во општина Гази Баба.

Без електручна енергија од 9 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од село Батинци, десно од главниот влез во селото во општина Студеничани, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Скупи“ под улиците „3а“ и „5а“ во општина Карпош . Од 9 до 14:30 часот  без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мијачка“, „Борис Сарафов“ и „Анастас Коцарев“ во општина Ѓорче Петров.

Во период од 9 до 15 часот  без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Војдан Чернодрински“, Полициска Станица Бит Пазар, дел од улицата „Рифат Бурџевиќ“ и дел од улицата „Дрварска“ во општина Чаир, а од 9:15 до 15 часот ќе бидат објектите околу од Милениумскиот Крст, Предавателите на врвот Водно, Поштенски Дом Водно, Жичара Водно, Етно Село и корисниците од Долно и Горно Нерези во општина Карпош.

Без струја  од 10 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од булевар „АСНОМ“ бр. 14, 16 и 18, а од 12 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од бул. „АСНОМ“ бр. 20, 24, 26, 28 и 32 во општина Аеродром.

Најчитани вести