Македонија

Без струја утре делови од Арачиново и Илинден

Без електрична енергија утре од 06:30 до 17 часот ќе бидат корисниците од селата Дељадровци, Текија, Бучинци, Мршевци, Грушино, Бујковци и дел од Миладиновци во општините Арачиново и Илинден, соопшти РЦУК на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН Македонија АД.

Прекинот на електрична енергија е поради технички зафати во електро – мрежата.

На 1 август од 09:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од с. Волково подулица бр. 18. во општина Ѓорче Петров.