Без струја утре делови од Центар, Аеродром, Карпош и од Гази Баба

Поради закажани технички зафати, утре во периодот од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Максим Горки бр. 5, 7, 10, 11, 12, 13, 14, 16, 18, улицата Наум Наумовски Борче бр. 27 и бр. 29, како и булеварот Климент Охридски бр. 8, 10, 12, 43. 45 на потегот од „Матица“ кон Соборниот храм.

Во периодот од 10 до 15 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата 6 во с. Бардовци, како и дел од с. Бардовци.

Без електрична енергија во општина Аеродром во периодот од 8 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата Блажо Орландиќ (од бр. 34 до 44). И во општина Гази Баба во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Ташко Караџа бр. 20.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.