Без струја утре делови од Центар и Ѓорче Петров

Во неколку скопски населби утре ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Корисниците од улицата „Пролет“ бр. 1, влез 3 и бр. 14, влез 3 во општина Центар утре од 8 до 15 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од кејот „13 Ноември“, поточно бр.34, 36 и 38 во општина Центар.

Од 10 до 13:30 часот, електрична енергија ќе немаат и дел од корисниците од улицата „Ѓурчин Кокале“ во општина Ѓорче Петров.

„Прекините се со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони“, информира РЦУК–Скопје.