вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Без струја утре делови од Центар, Студеничани, Аеродром и Кисела Вода

bez struja

Последни вести

Заради технички зафати без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Студеничани, Аеродром и Кисела Вода, информираат од РЦУК Скопје.

Од 8:30 до 13:00  без струја ќе бидат дел од корисниците на ул. „Филип Втори Македонски“, поточно Градилиште ДГ„Бетон“, аптека „Зегин“ и околните објекти околу аптеката во општина Центар. Од 9:30 до 15:00 дел од „Викенд населбата Маркова Сушица“ во општина Студеничани, а од 13:00 до 15:00 дел од улиците „Фрањо Клуз“ и „Пандил Шишков“ во општина Аеродром.

Без струја од 9:00 до 15:00 ќе бидат и дел од ул. „Мајаковски“, „Франклин Рузвелт“ од бр. 34 до бр. 52, ул. „Црвена Вода“, ул. „Благој Давков“ и ул. „Дане Крапчев“ во општина Центар, а од 13:00 до 15:00, во населба „Драчево“ – улиците „Иван Тургењев“, „Жарико Митровиќ“, (кај Поли), „Стара Новакин“, „Димитар Гуштанов“, „Дреновска“ и ул. „Ужичка Република“ во општина Кисела Вода.

Најчитани вести