Без струја утре делови од општините Студеничани и Зелениково

Републичкиот центар за управување со кризи, според известувањето добиено од ЕВН Македонија, инфорира дека утре без струја ќе бидат делови од општините Студеничани и Зелениково.

Во периодот од 8:30 до 9:00 и од 10:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Батинци, Варвара и Маркова Сушица, како и каменоломот Беровиќ и ЈП „Дрисла“.

Од 9:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Горно и Долно Количани, Пагаруша, Вртекица, Цветово, Црвена Вода, Алдинци, Рамни Габер, Преслап и Драчевица, како и населбата Мала Река и домот Караџица.