Без струја утре делови од повеќе скопски општини

Од 8.30 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од ул. „Киро Фетак“ 1 во општина Кисела Вода, соопшти ЕВН Македонија.

Без електрична енергија утре ќе останат и корисниците од ул. „Чаирска“ од бр.98 до бр.108 како и околните куќи во нивна близина во општина Чаир (од 08.30 до 14.30 часот), дел од корисниците од село Никиштани во општина Ѓорче Петров (од 9 до 12 часот), дел од корисниците од улиците „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, „Товарник“ и „Палмиро Тољати“ во општина Гази Баба (од 9 до 15 часот), корисниците од ул. „Љубљанска“ бр.6 во објектот на Сити Тауер во  општина Карпош (од 09.30 до 11.30 часот).

Од 10 до 15 часот утре без струја ќе биде и објектот на спортската сала „Работнички“, военото игралиште – Градски парк, објектите на рестораните „Маракана“, „Уранија“ и „Кај Вршац“, тениските терени „Југ“ и „Уранија“, градската плажа и околните објекти во општина Карпош.