среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 38

Без струја утре корисници од Кисела Вода и Аеродром

struja

Поврзани вести

Корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ лоцирани околу последната станица на автобуската линија 41 во општина Кисела Вода утре од 8.30 до 12.30 часот ќе немаат електрична енергија.
Во истиот период струја ќе немаат и корисниците од ул. 2 во село Долно Лисиче во општина Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија.

Без електрична енергија утре од 8.30 до 15 часот ќе бидат и корисниците од бул. „Борис Трајковски“ лоцирани кај првиот влез на фабриката ОХИС, како и објектите на ресторан „Амор и Ман“ во општина Кисела Вода.

Најчитани вести