Без струја утре неколку општини и села во Скопје

Корисниците од улицата „Фредерик Шопен“ во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 10 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Чешма, во Кисела Вода.

Во периодот од 10 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од  улицата „Тодор Чангов“ во општина Аеродром, подулици „45“ и „48“, од 8:20 до 9:20 часот дел од село Брњарци, а од 9 до 14 часот корисниците од улиците „Банско“ и „Рилски Конгрес“ во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од селото Волково улици „20“, „35“ и „37“, манастирот 40 Мачениции во Никиштани, дел од корисниците од село Орман, како и објектите над асфалтната и бетноска база на АД Гранит, а од 9 до 11 часот корисниците од улицата „Иван Милутиновиќ“ бр. 21 во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.