Македонија

Без струја утре неколку скопски населби и села

Утре без електрична енергија ќе бидат повеќе населби и неколку села во Скопје.

Од 6 часот до 7:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од населбите Илинден и Бел Камен и селата Ајватовци, Бунарџик и Амајлија.

Од 9 до 11 часот, дел од корисниците на ул. Лука Геров во Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија, а од 13 до 14 часот, струја ќе немаат корисниците од ул. 4 Јули, општина Ѓорче Петров.

Во време од 08:30-14:30 часот, корисниците од ТЦ Север, Чаир ќе останат без електрична енергија, додека пак, корисниците од дел од улиците Индира Ганди, Виничка, Виетнамска, Вашингтонска во Шуто Оризари, како и во селото Побожје ќе немаат струја.

Корисниците на улица број 8 од Кисела Јабука електрична енергија ќе немаат од 14:30 до 15:30 часот, а улицата Радушка во Ѓорче Петров исто така ќе биде без електрична енергија во време од 11:30-12:30 часот.