Без струја утре неколку скопски населби

Без електрична енергија во текот на утрешниот ден ќе останат делови од општините Центар, Кисела Вода, Гази Баба, Петровец  и Ѓорче Петров.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улициата Киро Фетак во населбата Драчево, делот кон пругата во општина Кисела Вода.

Од 08:30 до 10:00 часот корисниците од општината Центар  (кои гравитираат во близината на библиотеката Браќа Миладионовци, дел од улицата Антоние Грубишиќ, Дебарца, Ѓуро Ѓаковиќ и пазарот Буњаковец.

Во време од 10:0 до 14:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул.Перо Наков, кај Либи Метална (бензиска пумпа, мотелот, кванташки пазар, мотелот во рамките на истата, во општина Гази Баба.

Во периодот 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од с.Ќојлија, во општина Петрове,  а од 08:00 до 11:00 часот корисниците од железничката станица во Ѓорче Петров.