Без струја утре повеќе делови на Скопје

струја

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Македонска Преродба“, „Борис Сарафов“ и „Знеполе“, во општина Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Блажо Орландиќ“, „Црноризец Храбар“, делови од улицата „Лавчанска Корија“, улица 1616, бензиската станица на Макпетрол и делови од улица „Димитар Македонски“, во општина Аеродром.

Без струја од 10:00 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците на дел од улица „Дете Татуличе“, „Ѓорѓи Андреевиќ-Кун“, „Ернест Телман“ и „Зборска“, во општина Аеродром.