Без струја утре повеќе делови на Скопје

струја

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.

Од 09:00 до 11:00 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улица „Мелничка“, во општина Шуто Оризари.

Без струја утре од 08:30 до 10:30 часот ќе бидат и корисниците од улица „Мите Богоевски“, подулица број 7, од 11:00 до 14:30 часот корисниците од улиците 1 и 2 во село Долно Лисиче, а од 10:00 до 14:30 часот корисниците од улица „Тодор Чангов“ подулици број 13 и 48, во општина Аеродром.