Без струја утре повеќе населби и села

Корисниците од објектите во околината на крстосницата помеѓу ул. Френклин Рузвелт и бул. Партизански Одреди во општина Центар, утре ќе немаат струја од 08 до 13 часот, соопошти РЦУК на Град Скопје.

Од 09 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од с. Горни Крушопек, с. Горно Нерези, Средно Водно и Врв Водно. ( општина Карпош)

Од 09 до 15 часот струја ќе нема во село Горна Матка, а од 09:30 до 15 часот, корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.

Од 10 до 15 часот без струја ќе остане објектот на бензинската пумпа на Макпетрол и салонот за автомобили Хонда лоцирани на бул. Илинден, а од 10:30 до 15 часот,  корисниците од улиците: Виничка, Дринска, Вашингтонска и Нов Живот.