Без струја утре повеќе скопски населби и села

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во електро-системот утре, без електрична енергија ќе останат: 

  • од 08.30 – 14.30 часот дел од корисниците на Стара Скопска Чаршија (опш. Чаир );
  • од 08.30 – 12.00 часот, дел од корисниците од улица Христо Татарчев, улица 14 (опш.Кисела Вода);
  • од 08.30 – 12.30 часот, корисниците од сервис Џеват, улица 11/9, 55, бул. Мак.-Косовска Бригада (опш. Чаир), дел од корисниците од улица Козара ( број 5), дел од корисниците од улица Васил Ѓоргов (опш. Центар);
  • во време од 08.30 – 15.00 часот корисниците од улица Маџари- после ресторан Ханибал од страна на Синџелич, улица Палмиро Тољати (опш. Гази Баба);
  • во време од 08.30 – 15.30 часот корисниците од селата Миладиновци, Дељадровци, Мршевци, Бујковци, Бучинци. (опш. Илинден). И корисниците од село Грушино (опш. Арачиново)
  • во време од 09.00 – 11.00 часот дел од корисниците од улица Козара ( кај Луна Корпорација ),. (опш. Центар);
  • во време од 09.00 – 15.00 часот, корисниците од улица Сава Михајлов, улица Финска -15/64, улица Маџари 21/12,. (опш. Гази Баба);