Македонија

Без струја утре дел од Стара скопска чаршија, Батинци и Љубош

Без струја утре дел од Стара скопска чаршија, Батинци и Љубош

Поради технички зафати што ќе ги врши ЕВН Македонија АД, утре без струја од 8.30 до 14.30 часот ќе бидат корисниците од село Батинци и дел од село Љубош.

Но, ќе има уште едно исклучување. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје (РЦУК-Скопје), од 9 до 14.30 часот струја ќе нема во дел од Дуќанџик и дел од Стара скопска чаршија.