Без струја в петок дел од скопските општини

Во време од 8:30 до 13:30 часот во петок без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Балзакова“ и улицата „Дренак“, а од 12 до 14:30 часот корисниците  на дел од улицата „Иван Козаров“ во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија утре во период од 11 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од  улицата „Радика“ зграда бр. 9, улицата „Огражден“ зграда бр.1, 2, 3 и 4., а во време од 9 до 10:30 часот корисниците на улицата „Руѓер Бошковиќ“ зграда бр.15,017 и 19, булеварот „Октомвриска Револуција“ зграда бр.14,  улицата „Шекспирова“ зграда бр.7. Во време од 13 до 14 часот без струја ќе бидат дел од  корисниците од улицата „Орце Николов“ зграда бр.174 и улицата „Никола Тесла“ зграда бр.16 и 18 во општина Карпош.

Од 8:30 до 10:30 часот во петок без струја ќе бидат дел од корисниците од село Волково подулици „24“ и улицата „60“ во село Волково кај последна автобуска станица бр.22, а во време од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Лука Геров“, подулици улца „15“, „16“ и „18“, дел од улицата „Борис Бојаџиски“ во општина Ѓорче Петров.

Во време од 9 до 14 часот во петок без струја ќе бидат дел од корисниците на  село Матка во општина Сарај, а од 9:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од  корисниците од улицата „Мајаковски“ во општина Центар.

Без струја утре во време од 11 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од село „Копаница“, село „Долно Свиларе“, село „Бојане“, село „Рашче“, во време од 11 до 14 часот без струја ќе биде дел од  село „Кондово“, а во време од 10 до 11 часот корисниците на дел од село „Љубин“ и село „Кондово“ во општина Сарај.