Без струја в среда дел од Скопје и неколку скопски села

Без струја утре од 9 до 13 часот ќе останат корисниците од село Волково дел од улиците 5 и 7, а од 9 до 10 часот дел од улиците „Герника“ и „Киро Фетак“ (кон каналот).

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија од 9 до 10 часот ќе останат и делови од улиците Хашка, Женевска, Бриселска и Копенхагенска, од 8:30 до 14 часот село Бардовци – подулици 6, 8, 10, 12 и 14, од 9:30 до 13:30 часот село Огњанци, пумпи Таор и Петровец 4, од 7:30 до 16 часот селата Смиљковци и Црешево, од 8:30 до 13 часот викенд населба Морани и од 8:30 до 15 часот селото Бардовци подулици 10, 12, 16 и 18.