Без струја во понеделник делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните  де ка на ден 21.07.2014, понеделник без електрична енергија ќе останат корисниците од пат за Радишани, улица Бутелска во општина Бутел меѓу 08.00 и 15.00 часот, во периодот од 08.00 до 10.00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците околу Чаирчанка во општина Чаир,во општина Арачиново корисниците од дел од село Арачиново во периодот од 08.00 до 16.00 часот, како и корисницете во општина Сарај корисниците од селата: Радуша, Дворце, Орашје, Копаница, Бојане, Рашче, Долно и Горно Свиларе во периодот од 09.30 до 14.00 и во општина Гази Баба, корисникот Радио Предавател Хиподром во време од 08.30 до 10.00.