Без вода Центар и селото Копаница

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф – 200 мм на ул.  „Даме Груев“  бр. 10 и ќе трае до неговото отстранување.

Без вода денеска и утре  ќе останат корисниците од село Копаница.

Како што сооопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради чистење и хлорирање на резервоарот за вода во селото.