Без вода Дебар и Центар Жупа

Од вчера попладне, без вода за пиење се Дебар и околината, и поголем дел од општина Центар Жупа, кои со вода се снабдуваат од водоводот Росоки- Дебар.

Станува збор за сериозен дефект на главниот доводен цевковод, велат од Јавното претпријатие „Стандард“, и најавуваат дека дефектот ќе биде саниран до вечер.

Поради прекинот во снабдувањето, водата се излева во Дебарското Езеро.