Без вода дел од корисниците од општина Кисела вода

Поради улучен дефект ќе се изврши санирање на огрлица на ул.„Ѓорѓи Димитров“ бр.24, во скопската општина Кисела вода.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, денес прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Ѓорѓи Димитров“, „Димо Хаџи-Димов“ и „Вера Јоциќ“ од 10.40 часот  па се до санирање на дефектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.