Без вода дел од Скопје

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека делови од Скопје ќе останат без вода.

Поради дефект на водоводна мрежа мрежа профил ф-200 милиметри на булевар 12-та Македонска Бригада бр.77, без водоснабдување ќе останат корисниците од населеното место Лисиче од 10:45  часот  па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на воводовна мрежа и промена на шибер затварач профил Ф-150 милиметри на булевар Партизански Одреди бр.87, без водоснабдување ќе останат корисниците од бр.87 до бр.119 од истоимениот булевар и дел од корисниците од улицата Варшавска од 11:20 часот па се до санирање на дефектот.