Без вода дел од улицата Јордан Мијалков и Марков манастир

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица Јордан Мијалков, без вода ќе останат корисниците од истоимената улица, Бирото за судско вештачење и фискултурното училиште од 10:00 часот па се до завршување на истата.

Поради дефект на водоводна мрежа на пат за Марков манастир, без вода ќе останат и корисниците од 40 куќи од викенд населбата од 10:00 часот  па се до санирање  на дефектот.