Без вода дел од жителите на булеварот Јане Сандански

Корисниците од булеварот Јане Сандански од 59 до 109 денеска од девет часот се без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод“.

Прекинот е поради дефект на шибер затворач, а ќе трае се’ до санирање на истиот.