Без вода дел од жителите на две скопски улици

Дел од корисниците на две скопски улици денеска ќе останат без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа профил ф-2 цола на улица Иван Хаџи Николов, па без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улиците Иван Хаџи Николов и Сердарот  од 10 часот па се’ до санирање на дефектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.