Без вода денеска Детската болница Козле и неколку скопски улици

Корисниците од улиците Ганчо Хаџи- Панзов, Капиштец, Димитар Пандлив, Питу Гули, Караорман и Детската болница Козле денеска ќе бидат без вода од 8,30 часот, па се’ до санирање на дефектот, информираат од јавното претпријатие Водовод.

Причина за прекинот е дефект на водоводна мрежа профил Ф-100 милиметри на улица Ганчо Хаџи Панзов број 13.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.