Без вода денеска неколку улици во Скопје

Поради промена на шибер затварач на улица Димитрие Туцовиќ, раскрсница со улица Ленинова, од 09:30 часот па се до промена на истиот без вода ќе останат корисниците од улиците Кукушка, Пајак, Јордан Хаџиконстантинот Џинот, Крсто Баиќ, Ленинова, Благоја Страчков, 8-ми Март, Димитрие Туцовиќ, Судот за прекршоци, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и националната арена Филип Втори.