Без вода денеска повеќе скопски улици

Поради промена на шибер затварач, без вода ќе останат корисниците од ниска зона на Владимир Комаров од бр. 6 до бр.22 од 12:00 часот  па се до промена на истиот.

Поради реконструкција на водоводна мрежа на  булевар Партизански одреди бр.75, без вода ќе останат корисниците од зградите и тоа од бр.63 до бр.87 од 12:10 часот  па се до завршување на реконструкцијата.

Поради дефект на приклучна цевка без вода ќе останат корисниците од улиците Лазар Поп Трајков и  Вамбел крак 7, 9 и 11 од 12:30 часот  па се до санирање на дефектот.