Без вода жителите на Зелениково, Моране, Драчево и Студеничани

Жителите на општината Зелениково, фабриката за сокови во скопско Моране, како и жителите на Моране, Драчево и Студеничани ќе бидат без вода за пиење од 9,30 до 15 часот.

Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затворачи во препумпна станица Драчево, поради што нема да работи хидрофорот во Студеничани и препумпната станица Моране.