Без вода корисниците од Центар и село Визбегово

Прекинот е поради чистење и хлорирање на левата комора на резервоар во село Визбегово.

Прекин на водоснабдување денеска од 8 часот ќе имаат корисниците на улиците „Петар Поп Арсов“ бр. 38 и „Теодосие Гологанов“ и „Христо Смирненски“ во општина Центар.

ЈП „Водовод и Канализација“ соопшти дека прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-6/4 на ул.„Петар Поп Арсов“ бр. 38.