Без вода корисниците од повеќе скопски населби

Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-100 милиметри на булевар Борис Трајковски бб (игралиште на Титан), без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од истоимениот булевар  и сервисна зона Југ од 10:00 часот  па се до изведување на приклучокот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на ул.20 бр.4 во Долно Лисиче, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоименото населено место од 10:30 часот  па се до санирање на истиот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Миле Поп Јорданов бр.20, без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улиците Миле Поп Јорданов, од Васил Ѓоргов и од Јуриј Гагарин од 10:45 часот па се до санирање на дефектот.