Без вода неколку скопски улици

Поради дефект на водоводната мрежа денеска без вода ќе бидат корисниците на улицата Бел Камен, корисниците од број 7 до број 11 од булеварот Јане Сандански и корисниците од број 4 до број 20 од булеварот АВНОЈ.

Корисниците од улица Бел Камен ќе бидат без вода од 09:30 часот па се до санирање на дефектот, а корисниците од Јане Сандански и АВНОЈ ќе бидат без вода од 9:50 часот исто до санирањето на дефектот.