Без вода неколку улици во Скопје

Поради дефект на против пожарен хидрант профил ф-80 милиметри на улица „Дабница“ без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица од 10:30 часот па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-80 милиметри на улица „Драгиша Мишовиќ“ бр.8 без водоснабдување ќе останат корисниците од  зградите со број 4, 8 и 12 и околните дуќаните од 10:30 часот па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-100 милиметри на улица „Жарко Зрењанин“ бр.78 раскрсница со улица „Стари Новакиња“ без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците „Стари Новакиња“, „Роман Ролан“ и „Димитар Гуштанов“ од 11:30 часот па се до санирање на дефектот.