Без вода повеќе скопски улици

Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-100 милиметри на улица Мегленска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Мегленска, Мариовска, Малина Поп Иванова и дел од Милан Мијалковиќ од 10.15 часот па се’ до санирање на дефектот.

Поради дефект на приклучна цевка профил ф-1цол на улица Дамаска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Дамаска и Прашка од 11.15 часот  па се’ до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Црвени Брегови бр.7, без водоснабдување ќе останат 50 куќи од истоимената улица од 11.30 часот  па се’ до санирање на дефектот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.