Македонија

Без вода повеќе улици во Скопје

Без вода повеќе улици во Скопје

Поради дефект на водоводна мрежа на булеварот Партизанска наспроти Градежен факултет, од 10:00 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат Шпаркасе банка, Студио Леонтиќ и неколку дуќани од Т.Ц.  Буњаковец.

Поради дефект на водоводна мрежа на улица Сердарот бр.86, од 10:30 часот па се до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Сердарот, Речиште и дел од улицата Ратко Митровиќ.

Поради дефект на приклучна цевка на улица Ѓорѓи Капчев крак 31/32а  од 12:00 часот  па се до санирање на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од истоимената улица.

Поради дефект на шибер затварач на улица Востаничка бр.74, од 12:10 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат корисниците од бр.60 до бр.80 на истоимената улица.