Без вода повеќе улици

Поради дефект на водоводна мрежа на улица Владимир Комаров раскрсница со булевар Јане Сандански, без водоснабдување ќе останат корисниците од зградите со број 9 па се до 23 од улицата Владимир Комаров високата зона и корисниците со броевите 2 ,4, 6 и 8 од улицата Бојмија во периодот од 08:30 до 15:30 часот.

Поради монтирање на Противпожарен хидрант на улица 5 во с.Љубанци, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица од 09:00 часот па се до монтирање на истиот.

Поради изведување на приклучок на улица Коле Неделковски раскрсница со улица Орце Николов, без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата Коле Неделковски и дел од улицата Орце Николов од 09:30 часот па се до изведување на приклучокот.