Без вода село Ракотинци и улицата Рилски Конгрес

Поради чистење на резервоарот во селото Ракотинци, без вода ќе останат корисниците од истоименото населено место.

Тие ќе бидат без вода во периодот од 08:00 до 14:00 часот.

Исто така поради дефект на улица Рилски Конгрес број 59, без вода ќе останат дел од корисниците од истоимената улица од 08:30 часот па се до санирање на дефектот.