Без вода улицата 20-ти Октомври

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП „Водовод и Канализација“ ги известува граѓаните дека утре без вода за пиење ќе бидат корисниците од улицата  20-ти Октомври, во Општина Центар.

Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 80мм на улицата 20-ти Октомври број 31, во периодот од 8.30 до 15 часот без вода ќе останат корисниците од улицата 20-ти Октомври.